ЛЕВЕЛ СЕДУМ ДООЕЛ е агенција за недвижности регистрирана како правен субјект чија основна дејност е посредување при промет со недвижности согласно законската регулатива во Република Македонија.
Принципи на делување
Врз основа на нашето делување на пазарот на недвижности секогаш ги применуваме следниве основни начела:
- Професионалност
- Моралност
- Чесност
- Одговорност
- Почитување на правните акти
Понуда на недвижен имот
Понудата на недвижен имот со која располагаме е проверена и селектирана од страна на нашиот тим со што на нашите клиенти секогаш транспарентно им се прикажани сите детали за недвижностите со кои располагаме. При селекција на предметите ги применуваме следниве принципи: • Проверка на фактичката состојба на недвижноста со увид од страна на нашите агенти • Проверка на правната состојба на недвижноста: сопственост, прибелешки,товари,хипотеки и итн. • Процена на недвижниот имот врз основа на фактичката состојба и пазарните услови
Продажба и маркетинг
Во нашето долгогодишно делување на пазарот на недвижности применуваме најсовремени алатки и решенија кои ни ги даваат најоптималните резултати со единствена цел а тоа се задоволни клиенти. За секој предмет или недвижност посебно применуваме продажни и маркетинг страгегии, финансиски консалтинг и целосно менаџирање на процесот на реализација.
Почитување на правни акти
Почитувањето на правните акти и позитивните законски прописи сметаме дека е од фундаментално значење при нашето секојдневно делување на пазарот на недвижности. Поради тоа, при реализација во правниот промет а со цел за максимална правна сигурност и правна заштита на нашите клиенти ги применуваме и почитуваме сите правни процедури во соработка со реномирани адвокатски и нотарски канцеларии.
Политика на објава на цени
Врз основа на нашето досегашно делување на пазарот на недвижности секогаш го применуваме "ПРИНЦИПОТ ЗА ОБЈАВА НА ЦЕНИ" за продажба и изнајмување на сите недвижности кои се дел од нашата понуда бидејќи сметаме дека јавно поставената цена е секогаш добар основ и битен фактор при прометот со недвижности.