ЛЕВЕЛ СЕДУМ ДООЕЛ е агенција за недвижности регистрирана како правен субјект чија основна дејност е посредување при промет со недвижности согласно законската регулатива во Република Македонија. Поради тоа ЛЕВЕЛ СЕДУМ ДООЕЛ согласно пазарните услови и пракси ги овозможува следниве услуги:
Посредување при купопродажба на недвижен имот
• Резиденцијален недвижен имот: станови,куќи и викендици
• Комерцијален недвижен имот: административни и деловни објекти, канцелариски простории, дуќани, магацини итн.
•Градежно земјиште за инвестиции: aтрактивни локации за изградба на објекти за повеќе намени: индивидуално и колективно домување, деловна,административна и угостителска намена
Посредување при изнајмување на недвижен имот
• Резиденцијален недвижен имот: станови,куќи и викендици
• Комерцијален недвижен имот: административни и деловни објекти, канцелариски простории, дуќани, магацини итн.
• Градежно земјиште: плацеви и ниви
Консултански услуги
Поради нашето долгогодишно присуство на пазарот на недвижности користејќи го своето знаење и искуство и применувајќи ги најсовремените алакти за менаџирање ги овозможуваме и следниве консултантски услуги:
• анализи и истражување на пазарот на недвижности
• изготвање на извештаи и мислења за цени и стратегии за продажба
• менаџирање на недвижности при изнајмување итн.