Современиот начин на функционирање допринесе да се размислува во насока на комбинирање на желбите и можностите односно дилема дали да се инвестира во куќа на периферен дел од градот која нуди поинтимен и покомфорен начин на домување или стан кој е поекономичен и на урбана локација.
За таа цел Ви нудиме уникатна можност да бидете дел од новиот комплекс во н. Бардовци кој ги исполнува сите услови за современ и урбан начин на живеење на периферна но урбана локација со низа придобивки и тоа:
- ЛОКАЦИЈА:
- Комплексот е лоциран во мирен и урбан дел од н. Бардовци во непросредна близина на црквата Св. Троица и има одлична местоположба со пристап од две асфалтирани улици и отворен поглед кон југозапад.
- КОНЦЕПТ
- Комплексот е составен од осум куќи распоредени во два низа со по четири објекти внимателно проектирани со цел да ги задоволат потребите на современиот начин на живеење. Секоја куќа располага со две нивоа на станбен простор и тоа приземен дел дефиниран како отворен концепт со простор за дневен престој и интимен дел на кат составен од три спални соби, две бањи и работна просторија. На секој кат има тераси со отворен поглед кон југозапад.
- КВАЛИТЕТ НА ГРАДБА
- При изградба се предвидени најквалитетни градежни материјали кои придонесуваат за високо ниво на енергетска ефикасност. Во секоја куќа е предвиден независен систем на греење и ладење со топлински пумпи и вградено подно греење во сите подови на објектите што допринесува за максимална комфорност во живеењето и ниски режиски трошоци.
- ПАРКИНГ ПРОСТОР
- Паркирањето за сите објекти е решено во подземни гаражи. Коридорот е заеднички, но секоја куќа има сопствена гаража со простор за две паркинг места, дел за складирање и внатрешни скали поврзани со приземјето од куќата.
Основни информации за проект
Бардовци
тип на куќи
куќи во низ
тип на комплекс
отворен тип
Број на куќи
8
Површина на куќа
135-137м2
Приземје + 1-кат
Паркинг простор
гаража за две возила
Топлински пумпи
Дополнителни информации
Тип на градба
комплекс куќи
Статус на градба
во изградба
Почеток на градба
10/2024 год.
Рок на завршување
12/2025 год.
цена на куќа
235 000 евра
цена на паркинг
вкл. во цената
данок / ДДВ
со вкл. ДДВ
Агенциска провизија
не
Поволности на понудата
- Телефон
- Кабловкса
- Интернет
- Градинки
- Училишта
- Парк
- Маркети и продавници
- Трговски центар
- Болници и амбуланти
- Автобуска станица
- Детско игралиште
- Спортски терен
- Игротека
- Фитнес центар
- Ресторани
- Кафе бар
- Парк за миленици
Локација
- Центар - Скопје, Македонија